(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче доста е молк, време е за одговори

Од:

Еднонеделната прошетка во Дубаи на Филипче заедно со неговиот ментор Заев, вчера заврши. Филипче се врати од песочните плажи во Дубаи на коишто уживаше со Заев и тераше бизниси и се јави на прес-конференција, но не одговори на прашањата кои му ги поставивме, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес повторно го прашуваме Филипче. Каде беше тој изминатава недела? Од каде му е златната виза за Дубаи? Дали има бизнис со Заев во Дубаи? Дали има нострифицирана диплома или можеби над 500 илјади долари? Во однос на модуларната болница, дали Филипче е задоволен од пресудата? Како ги коментира смешните пресуди од 1,5 година на екс директорите? Дали судиите кои ја донесоа пресудата, станале судии со негов амин? Дали Филипче е изземен од случајот? Дали Филипче е заштитен? Дали тоа што Филипче беше министер го штити и ги пушти низ вода двајцата екс директори? Дали Филипче имал влијаено на пресудата? Почитувани, Филипче е обичен лажго и манипулатор. Него не го интересираат граѓаните, туку бизнисот и профитите. Филипче молчи и се крие кога ќе биде повикан во јавност.
Филипче доста е молк. Време е за одговори, нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски