(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

Од:

Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви? Дали Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери? Исто така, кои други грантови, тендери биле добивани и доделувани, а се поврзани со истово ова трио? Кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација е СДС, Заев, Филипче и Љупчо Николовски. Власта на Заев, Филипче и Љупчо Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Љупчо Николовски своевремено, освен министер за земјоделие, беше и вицепремиер за борба против корупција. Но, наместо да се бори против истата, тој по насока на неговиот ментор Заев, ја создавал и бил активен чинител на истата. Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, веќе следната година, тој му возвраќа на Заев со грант од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

Добитник на овој европски грант е фирмата „Тргопродукт’’ на Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’. Уште по сомнително е тоа што во тоа време, овој грант од 1,4 милиони евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата. И ова не е единствен ваков случај, и затоа го повикуваме обвинителството да го истражи ова до крај. Сега е шансата на обвинителството да се покаже, да отпочне постапка по допрен глас и да ги провери сите овие сомнежи. А додека Филипче ги разрешува сите околу него, освен тој самиот, нека одговори до кога ќе ја држи функцијата претседател на СДС само за да му удоволи на Заев и на нивните бизнис интереси, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски