ВИДЕО: Малолетник со мотор на пешачки удри во деца и мајка

Од:

Малолетник со мотор „Веспа“ денеска на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, удри во мајка која на пешачки заедно со двете нејзини малолетни деца ја минуваше улицата.

Mомчето претекнуваше цела колона и не забележа дека на пешачкиот премин поминува жена со две мали деца во кои удри неможејќи да сопре. Веднаш потоа се обиде да избега, но по него се затрчаа неколку мажи кои го фатија и не му дозволија да си оди.

За сообраќајката веднаш е известена полицијата, од каде за „А1он“ велат дека кон местото на настанот веќе се упатила нивна екипа.

Според она што можеше да се забележи, најверојатно жената и децата не се здобија со тешки повреди. Жената имаше повреда во пшределот на лицето, а едното дете се жалеше на повреда во раката.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он