(ВИДЕО) Малески: Националистите спречуваат решавање на спорот за името

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека со години се одалечуваме од решение за спорот со името.

„Ние овој спор го искомплициравме додавајќи му ја димензијата на идентитетски спор. Додавајќи го тој проблем преку она што го нарекуваме овде одење кон антиката, практично ја правиме ситуацијата неразрешлива“, вели Малески.

Малески се потсетува на состојбата пред 20 години и сeга и вели дека партиите во Македонија и во најтешките моменти за државата не беа во состојба да седнат и да разговараат.

Посочува дека од самиот почеток ни било кажано дека проблемот не е правен, туку е политички. Кај политичките проблеми како што е овој, каде што има многу историја, каде што има наталожени емоции, неразрешени историски јазли итн., се бара дипломатија, се бара политика.

Ова е судир на два национализми, вели Малески.

„Кога од двете страни на границата би живееле либерално настроени луѓе во некој замислен свет, тие од грчката страна сигурно не би имале приговор што ние го употребуваме терминот Македонија и што ние се нарекуваме Македонци. Кога би живееле либерални умови од оваа страна на границата кај нас, тие сигурно не би се срамеле од својот словенски јазик и дека нивниот базичен идентитет, како и јазикот е словенски, туку да се повикуваат на некакви си расистички теории за антика и за некакви си супер-луѓе од кои што потекнуваме.

– Кога би било така, ама не е така. Имаме судири на два национализми коишто она што примарно беше проблем, разграничување меѓу новата држава Македонија и грчката провинција Македонија, тогаш пред 20 години, сега прерасна во еден комплициран проблем на спор околу идентитетот, кои се вистинските Македонци? Дали ние од оваа страна или грчките Македонци од другата страна, кои се реинкарнација на античките Македонци, во основа еден глупав спор“, вели поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

ВИДЕО: Радио Слободна Европа

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија