(ВИДЕО) Макрадули: Визијата за подобро Скопје да стане наша реалност

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули посочи дека актуелната власт предводена од Груевски нема визија за новата генерација скопјани и за младите. Затоа, рече, во изминативе четири години се реализирал модел на утопистички град- музеј свртен кон минатото наместо кон иднината. Граѓанинот се претвори во нешто мало, послушно, уплашено.

Власта, рече, се обиде да креира град на кого стоењето во место, враќањето назад, нема да му пречи. Од 120 градови во Европа, Скопје е на последната 120 позиција, а на светската листа од 3.500 градови, Скопје е на 3.485 позиција.

Рангирањето го направиле независни експерти, врз основа на здравје, популација и богатство. Според рејтингот за 2012-та, Скопје е на претпоследното место пред Кабу во Авганистан. Не може да се споредува ниту со Тирана, ниту со Монтевидео во Уругвај, ниту со градови од Кенија, Бангладеш и Киргистан.

„Скопје може да биде град без барок, гусарски бродови и златни коњи. Скопје мора да биде град каде нема да се сече шумата на Водно. Скопје може да биде центар на независната културна сцена, на вработена младина, која ќе ужива во културната сцена“, рече Макрадули.

Ги повика скопјани на 7. април масовно да излезат на гласање и да се изборат визијата за подобро Скопје да стане реалност.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември