(ВИДЕО) Макрадули: Наместо гусарски бродови, бесплатни автобуски билети за младите и учениците

Од:

Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје, денешната прес конференција ја одржа пред како што рече, гусарскиот брод, еден од промашените проекти на власта и пример како ненаменски се трошат парите.

„Гусарскиот брод ги чини граѓаните 1 милион евра, а заедно со Мостот на уметноста и Мостот Око потрошени се неверојатни 10 милиони евра.

– Значи цели 10 милиони евра, не спомнувајќи го безобразието со парите потрошени за жалните врби. Се трошат милиони евра за гусарски бродови, пешачки мостови, во стилот на Алиса во земјата на чудата, а ништо од тоа не беше ветено во програмата на Коце Трајановски. Тоа јас како иден градоначалник ќе го променам“, рече Макрадули.

Вети дека целосно ќе се посвети на вистинските проекти од кои што граѓаните особени младите ќе имаат голема корист.

Според Макрадули парите можеле покорисно да се употребат. Вети дека наместо пари за непродуктивни работи бесплатни билети за автобусите за младите и учениците и тоа овие билети ќе важат 365 дена во годината, а не само за време кога се одржува наставата.

Макрадули посочи дека со 1 милион евра, колку што се потрошија за гусарскиот брод, ќе можеле да се набават 65.000 бесплатни месечни карти. Со 10 милиони евра може да се обезбедат 615.000 бесплатни месечни карти за младите и учениците.

Макрадули вети и нова автобуска линија на релацијата Кисела вода, Аеродром, Гази баба, но почеста линија до скопскиот аеродром.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ