(ВИДЕО) Макрадули: Кој даде дозвола наместо хотел да никне бетонска сепарација?

Од:

На просторот позади Рамстор пред неколку години требаше да никне елитен хотел. И наместо хотел на местото има бетонска сепарација која го загадува Скопје.

Ова рече, кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани макрадули, е типично Дпмнеовско злодело. За 2 години требаше да никне хотел и трговски центар, а Макрадули се уште го чека кафето да го испие во овој хотел.

Сепарацијата во урбана зона го загадува воздухот, а според анализата на Светска банка годишно 1.350 лица умираат од загадување на воздухот.

„Овој град може со совесни политики да спаси 800 човечки животи. Животите немаат цена, но бизнисот има цена. Прашувам кој даде дозвола да се направи бетонска база и сред Центар да се тргува со песок, место хотели-бетонски сепарации да се прават? Скопје може да се разбуди и да вдиши чист воздух“, рече Макрадули.

Во врска со ставот на МОСТ дека ДИК не бил на висината на задачата и дека одделни членови држеле партиски говори и застапувале дневно политички ставови, Макрдаули вели, дека кога ќе се види дека Анета Стефановска е член на ДИК, јасно е како работи ДИК.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември