(ВИДЕО) Макрадули: Ботанички градини на покривите на Скопје

Од:

Јани Макрадули кандидат за градоначалик на Град Скопје на денешната прес конференција го посочи малиот ринг како еден од еден од просторите кои го загубија зеленилото, а зелената површина во 2002 година која изнесувала 75.649м2 денес изнесува 34.994м2.

„Денес во паркот Жена борец, каде што порано имаше дрва, засадивме 3 дрва за да покажеме дека тоа ќе биде нашата стратешка определба. Со мојата работна бригада го правиме ова, и тоа ќе биде наша трајна определба и моја определба како градоначалник на град Скопје“, изјави Макрадули во име на Сојузот за иднината.

Макрадули рече дека ја користи приликата за да го презентира еден од покрупните проекти таканаречените ботанички градини кои ќе се наоѓаат на покривите на инсититуциите кои се во надлежност на Град Скопје.

„Сите инситутции на своите покриви ќе имаат ботанички градини и зеленило, со кои ќе штедат електрична енергија и ќе го чуваат здравјето на граѓаните. Само на овој начин можеме да се бориме против ова зло кое што се прави во Скопје, а тоа е уништувањето на дрвата и зелените површини“, изјави Јани Макрадули.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“