ВИДЕО: „Македонски крст“ во Аеродром ќе светне за Велигден

Од:

Православниот 51- метарски крст во општина Аеродром ќе биде готов за велигденските празници. Изградбата на крстот е во завршна фаза, а недостига да се монтира само уште едно крило.

Пред неполни две недели беше готов единствено постаментот на крстот, кој тогаш мо­же­ше да се забележи преку тарабите на градилиштето. Че­лич­на­та конструкција е речиси готова и се премачкува со златна боја.

Крстот ќе биде висок 51 метар и широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри. Локацијата пред крстот ќе биде уредена со парк, фонтани и клупи за седење на граѓаните. Тој е биде поставен на постамен од 5 и пол метри.

За иницијаторот на проектот, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, крстот не претставува ниту провокација, ниту конспирација, а дека Македонија е основа на христијанството. Одлуката да се гради во Аеродром е бидејќи 99 насто од населението кое жовее во оваа општина се христијани.

Камен темелникот го удрија владиците на МПЦ во декември минатата година со молитвени песни.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје