ВИДЕО: Македонски државјани заглавени во Истанбул одбиле да се вратат кога им кажале дека мораат да бидат во државен карантин

Од:

Македонски државјани заглави во Истанбул одбиле да се качат на организиран лет на македонското Министерство за надворешни работи во договор со Црна Гора, откако им било кажано дека ќе бидат во задолжителен групен карантин. За ова информриаше министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој посочи дека бројката на лица кои ќе ги користат хуманитарните летови може да опаѓа, ако ова е индиција како би реагирале останатите граѓани кога ќе им биде кажано дека ќе бидат во задолжителен карантин.

„Вчера во договор со пријателска Црна Гора имавме обид да донесеме една група наши граѓани кои беа во Истанбул и да ги качиме на хуманитарниот лет организиран од Владата на Црна Гора. Штом ги информиравме граѓаните дека ќе бидат во задолжителен карантин, ниту еден не сакаше да ја искористи оваа можност. Така што, ова ако е индиција или илустрација, можно е оваа бројка и да опаѓа. Затоа велам дека бројките ќе варираат“, рече Димитров.

Тој посочи дека се организира и конвој од Црна Гора, со околу 70 граѓани заглавени таму.

„Во следниве денови ќе организираме и хуманитарен конвој од Црна Гора кон нашата држава, таму имаме околу 70 граѓани, а овие луѓе ќе бидат во задолжителен карантин. Бидејќи тие немаат избор, државата ги упатува во ваков карантин, трошоците ќе бидат на товар на државата“, додаде Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија