(ВИДЕО) Лозановска: Бројките го демантираат Филипче, бројот на новозаболени е над 10 проценти од тестираните

Од:

„Епидемијата ескалира, бројот на новозаболени се зголемува, бројот на згаснати животи се зголемува поради неспособноста на СДСМ.

Бројот на заболени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројот на починати се движи кон 500.

Наместо работа со цел да се постигне тренд на намалување на бројката на новозаразени, поитаa да се радуваaт на тоа што четири дена бројката на новозаболени беше под 10 проценти од бројот на тестирани лица. Секој сака тренд на намалување на новозаболени, на стабилизрање на ситуацијата, но за тоа треба да се работи“, рече Олга Лозановска, ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека нема потреба од радување покажуваат бројките. За жал, последната бројка на новозаразени во едно деноноќие повторно покажа дека бројот на новозаболени е повеќе од 10 проценти од бројот на тестирани лица. А болеста се појавува и во оние помали места каде ја немаше, а и во дел од поголемите градови бројот расте. На пример, Битола од град со релативно малку заболени станува лидер во регионот со активни случаи заразени од КОВИД-19. За само две недели бројот порасна повеќе од двојно и вкупниот број е 114 лица позитивни, од кои 60 се активни.

Но, за надлежните се е под контрола иако не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат.

Во меѓувреме, граѓаните страдаат, секој се снаоѓа како знае и умее. А често, нема термини за испитување, па оние кои можат одат приватно да се тестираат, а што со оние кои не можат да го сторат тоа?

Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво.

Ако не знаат што да прават има кој знае“, изјави Олга Лозановска, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски