(ВИДЕО) Локвенец: Успехот на Македонија е препознаен и вреднуван од целиот демократски свет

Од:

Хари Локвенец од СДСМ на прес-конференција изјави дека голем историски успех е тоа што Македонија добива покана за полноправно членство во НАТО.

– Горди сме. Македонија- триесеттата земја членка на НАТО. Македонското знаме, на триесеттиот јарбол пред седиштето на Алијансата. По неодамнешното добивање датум за преговори со ЕУ, ова е уште едно голем признание за сите наши граѓани, за нашата татковина. Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет. Пред нас е историска можност за почеток на преговори за членство во ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО. Ова е остварување на врвните национални и државни интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Се реализира децениска желба на цела една генерација, се обезбедува стабилноста и македонската иднина, рече Локвенец.

Тој додаде дека членството во НАТО не значи само загарантирана стабилност и безбедност, туку значи и можност за многу повеќе инвестиции.

– Тоа значи повеќе пари во економијата, нови работни места, повисоки плати, повисок животен стандард за сите граѓани. За само една година, Владата предводена од СДСМ ја врати земјата на евро-атлантскиот пат и покажа капацитет за реформи и решавање на отворените прашања во интерес на сите граѓани. Како сериозна и државотворна партија, преку одговорна и посветена работа, ги остваруваме стратешките интереси. Се обврзуваме, успешно да ја завршиме сета домашна задача. Се потврдува, Договорот со кој се решава 25 годишниот спор со Грција е патриотски чин. Го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и јазик и ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО. Дојдовме на прагот на ЕУ и НАТО, се случуваат историски моменти што на подобро ја менуваат иднината на нашата држава. Да ја искористиме шансата што е пред нас. Заради нашата држава и заради иднината на следните генерации, да кажеме „Да“ за влез на Македонија во НАТО. Да кажеме ДА за ЕУ. Да кажеме ДА за македонската иднина, рече Локвенец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски