(ВИДЕО) Локвенец: Собранието се враќа на реформската агенда

Од:

Собранието се враќа на реформската агенда. Законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и Законот за судови, кои беа усвоени на вчерашната парламентарна седница, се дел од реформските приоритети на Прибе и суштински придонес во агендата на ЕУ, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

„Со усвојување на Законите за јавно обвинителство се заокружува процесот за воведување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата. Во рамките на ОЈО се формира посебно одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од овластени службени лица и припадници на затворската полиција. Со Законот за кривична постапка ги надминуваме недостатоци во областа на посебните истражни мерки, кои беа лоцирани во меѓународните извештаи, а посебно во извештаите на Рајнхарт Прибе“, рече Локвенец.

Тој оцени дека измените во Законот за судови овозможуваат зајакнат независен надворешен контролен механизам за припадници на полицијата и затворската полиција.

„Специјализираното судско одделение надлежно за организираниот криминал и корупција ќе може да суди за кривични дела извршени од полициски службеник, како и овластени службени лица со полициски овластувања и други овластени лица“, изјави Локвенец.

Пратеникот коментирајќи ги случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, истакна и дека жали што во земјава нема силна опозиција. На новинарско прашање околу пратеничкиот мандат на екслидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Локвенец рече дека сè зависи од тоа каква ќе биде одлуката на Комисијата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител