(ВИДЕО) Локвенец: Со најавите за поништување на Договорот од Преспа, ВМРО-ДПМНЕ ги загрозува членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на македонските граѓани не им нуди ништо ново, освен познатите погубни политики со кои сака да ја врати државата со децении назад.

Најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозуваат нашето полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ.

Членството во НАТО и во ЕУ на нашата држава и гарантираат безбедна и стабилна иднина, економски напредок и развој“, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и сака да ја врати назад заробената држава. Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот.

Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно. Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?

Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.

Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволат враќање на државата во мрачното минато.

Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ.

Доста веќе чекоревме назад. Нашиот пат е напред и ние мораме да продолжиме да чекориме напред, на прав пат!“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ