(ВИДЕО) Локвенец: Силно веруваме дека заслужуваме одлука за почеток на преговорите

Од:

Горди сме и задоволни бидејќи го добивме најпозитивниот извештај на Европската комисија за нашата татковина, изјави пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

„Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Нашата земја се посочува како светол пример во целиот регион. Најпозитивниот извештај е потврда за успешноста на реформските процеси и исправноста на политиките на Владата, Собранието, институциите. Добивме уште едно признание за големите, историски одлуки што ги донесовме за само една година, за остварените реформи, но и за позитивната улога што нашата земја ја одигра во регионот. Покажавме дека сме подготвени да носиме храбри, историски одлуки и да покажеме политичка зрелост и европски манири да дејствуваме во интерес на граѓаните и нивната европска иднина“, рече Локвенец.

Тој додаде дека чистата препорака и вреднувањето на сработеното од Европската комисија ги зајакнува очекувањата и изрази оптимизам дека почетокот на преговорите е реалност.

„Силно веруваме дека заслужуваме одлука за почеток на преговорите, што ЕУ ќе ја донесе врз основа на нашите заслуги. Како што со задоволство ги примаме позитивните оценки кои доминираат во извештајот, ги прифаќаме и забелешките кои ќе ни помогнат да бидеме и подобри и поуспешни. Овој извештај и безусловната препорака за почеток на преговорите се доказ за успешните процеси, но и дополнителен мотив да ги вложиме сите капацитети во реализација на процесот на интеграција во ЕУ. Република Северна Македонија продолжува напред. Остануваме на евро-атлантскиот курс. Ги реализираме врвните национални и стратешки интереси како членството во ЕУ и НАТО“, заклучи Локвенец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер