(ВИДЕО) Локвенец: СДСМ нуди мерки со кои ќе го запреме егзодусот на младите

Од:

Носителот на листата на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 4, Хари Локвенец,  реализираше повеќе средби со граѓаните во неготинскиот регион.

На градскиот пазар ги слушаше проблемите на продавачите и купувачите, на средбата со пензионерите, нивните проблеми, а во населбата „Саат кула“ проблемите на граѓаните кои живеат во овој дел од градот.

lokvenecNegotinsko (2)

 

Заеднички и најголем проблем за сите е масовното иселување на младите. Локвенец рече дека СДСМ нуди мерки со кои ќе го запре егзодусот на младите.

-Предвидовме повеќе од 50 мерки за решавање на проблемите на младите. Една  од    мерките  „Гаранција за млади“, проект кој се спроведува во земјите членки на ЕУ, а кој нуди доквалификација и професионално образование на младите спрема потребите на економијата и компаниите.

lokvenecNegotinsko (3)

– Наспроти проектот на масовно студирање во нестандарни услови, го нудиме проектот на институти во кои ќе се дообразуваат и квалификуваат младите за да можат со своето образование и вештини да одговорат  на потребите на стопанството и на економијата.

lokvenecNegotinsko (3)

– Покрај ова го нудиме проектот за субвенционирани трошоци на компаниите при вработување на младите до 29 години, во рок од една година, под услов да ги задржат најмалку две години.

– Ја нудиме и можноста за субвенционирање на проекти кои предвидуваат вработување на млади луѓе во помалите градски и селски средини, каде е многу потешко да се најде работа.

lokvenecNegotinsko (4)

– Основата на нашата програма за млади луѓе е да креираме, да создадеме младина која има знаење и вештини кои ќе одговорат на потребите на стопанството и ќе придонесат во развојот на економијата на Македонија, рече Локвенец.

Поладнево, Локвенец ќе ги слушне проблемите и ќе ја промовира програмата на СДСМ пред граѓаните на Демир Капија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он