(ВИДЕО) Локвенец: Пристојна работа за достоинствен живот

Од:

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ создава лажен впечаток дека невработеноста се намалува, преку административно бришење на невработените од списоците на Агенцијата за вработување.

За разлика од Владата на Груевски, приоритет на идната Влада на СДСМ ќе биде поттикнувањето на нови работни места, пред се, во приватниот сектор и обемни буџетски стимулации за отпочнување на сопствен бизнис“, рече Хари Локвенец – Носител на листа на пратеници од И.Е.4 – СДСМ.

„Ние ќе водиме суштинска политика на вработување и пристојна работа, а за таа цел ќе ги превземеме следните мерки:

–      Минималната плата ќе изнесува 10.000 денари. Тоа ќе го направиме ВЕДНАШ и за сите.

–      Ќе ги изедначиме условите за инвестиции на домашните со странските инвеститори.

За младите,

–      Проект „гаранција за млади“ по примерот на ЕУ. Ова значи, секој млад човек ќе добие понуда за вработување, пракса или можност да се дообразува.

–      16 бизнис инкубатори за отворање на преку 5.000 нови работни места годишно.

За жените,

–      Ќе воведеме право на породилно отсуство во траење од 12 месеци

–      Вистинска заштита за жените работнички, целосна забрана за ноќна и прекувремена работа за бремените работнички

За долгорочно невработените,

–      Ќе ги зголемиме средствата за активни мерки за вработување во приватниот сектор, кои на крајот од четвртата година ќе изнесуваат 30 милиони евра.

Нудиме и системско уредување на пазарот на работна сила, по европски стандард:

–      Ќе го зголемиме периодот на паричен надомест во случај на технолошки вишок од 18 месеци на 3 години.

–      Надоместот на плата во случај на боледување ќе го зголемиме на 85%.

–      Целосно либерализирање на законските одредби за синдикално здружување. Синдикатите ќе бидат вистински заштитници на работникот.

Имаме и иновативни мерки за пазарот на труд:

–      Проект „Работа по мерка“, што ќе опфаќа нетрадиционални и современи форми на вработување.

–      Проект „Креативни индустрии“, кој ќе значи формирање на „заедници на таленти“, нешто слично на постојната комора на занаети.

Во целост ќе ја исполниме превземената обврска да ја намалиме социјалната раслоеност и да ја вратиме средната класа“, изјави Хари Локвенец – Носител на листа на пратеници од И.Е.4 – СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски