(ВИДЕО) Локвенец: Ние сме НАТО, учествуваме во глобалните процеси за безбедност

Од:

За првпат во историјата, министер од нашата држава учествува на состанок во седиштето на НАТО, заедно со колегите од земјите членки на Алијансата. Со учеството на министерката Радмила Шекеринска на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, станавме активен учесник во процесите за глобална безбедност, на иста маса со земјите членки на најсилниот безбедносен сојуз, изјави денеска Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Граѓаните од цела држава се горди на историскиот успех, ние сме НАТО. Се остваруваат децениски национални и државни интереси, обезбедена е иднината, стабилноста и сигурноста.

Политиките на интеграција, решавање на проблемите, градењето пријателства се препознаени од нашите европски пријатели.

Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, веќе започна да се ратификува во земјите членки на Алијансата. По Република Грција, Протоколот веќе е ратификуван и од парламентите на Словенија и Република Албанија. Првиот чекор е поминат во парламентот на соседна Бугарија, најавана е брза постапка за ратификација во парламентот на Црна Гора.

Ова е важно за што поскоро завршување на пристапниот процес. Република Северна Македонија го доби своето заслужено место во НАТО, станува 30 земја членка на Алијансата.

НАТО значи безбедност и стабилност но значи и економија, поголеми инвестиции, повеќе пари. Влезот во НАТО е можност за зголемена конкурентност, економски раст, поттик за нови, сериозни странски инвестиции, нови и подобро платени работни места. Сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард.

Истовремено, со запишувањето на новото име во Обединетите нации, македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се трајно заштитени и загарантирани.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презеде одговороност пред граѓаните и државата.

Остануваме посветени на интересите на граѓаните, на процесите кои ја движат земјава напред, на мерките и реформите што обезбедуваат сигурна и стабилна иднина за сите“, изјави Локвенец.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време