(ВИДЕО) Локвенец: Ќе го вратиме достоинството на тутунопроизводителите

Од:

„Македонија е аграрна земја, во која живеат и работат вредни и чесни земјоделци.Тие заслужуваат да имаат достоинствен живот. Затоа идната влада на СДСМ ќе води аграрна политика со која земјоделците ќе имаат сигурен пласман на родот во кој вложуваат многу труд и пари и квалитетни услови за живот.

Меѓу приоритетните, ќе бидат и тутнопроизводителите, кои сега мака мачат со неоткупениот тутун и со несклучувањето на договори за новата сезона.

Со овие мерки ќе го вратиме нивното достоинство.

Субвенцијата од 60 денари за килограм тутун ќе се зголемува доколку поскапат трошоците за производство и цената на нафтата на светска берза“, рече Хари Локвенец-Носител на листа за пратеници во И.Е.4.

„Ќе обезбедиме законска регулатива за откуп на целата годишно произведена количина на тутун.

Нудиме:

Откуп на тутунот во три класи според берба (горна, средна, долна), зголемување на цените по класи на килограм откупен тутун.

Измена на правилникот за органолептичка проценка при откупот на тутун, за да се заштити интересот на тутунопроизводителите.

Укинување на белите картони. Државата ќе издава одобренија врз база на претходно склучени договори со откупните компании.

Дополнителни субвенции за пренамена на производството на тутун во друга земјоделска култура.

Секогаш ќе водиме сметка за земјоделците на кои единствена егзистенција им е тутунот, да имаат приоритет при склучувањето на договори.

Ќе воведеме зелена нафта, бенефициран стаж, за 12 месеци работа 13 месеци стаж  и ќе го укинеме персоналниот данок.

Ова се само дел од мерките кои ги нудиме за враќање на достоинството на тутунопроизводителите и на сите земјоделци. Ги има многу, кој новиот тим на СДСМ ќе ги спроведе. Трудот на земјоделците мора да се вреднува, нивните семејства мора да имаат пристоен, а не крпен живот.

Ете затоа, време е за позитивни промени. Време е за задоволни земјоделци“, додаде  Хари Локвенец-Носител на листа за пратеници во И.Е.4.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел