(ВИДЕО) Локвенец: Членството во НАТО е дополнителен мотив да продолжиме со реформи кои обезбедуваат развој и напредок

Од:

„Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше Северно-атлантскиот протокол. Остварена е тридецениска стратешка заложба за интеграција во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – нашата држава рамноправен партнер со останатите 29 земји членки.

Ова значи трајно обезбедување на сигурноста и стабилноста, трајно осигурување на нашите граници, на нашиот воздушен простор.

За само 2,5 години како парламентарно мнозинство и како власт покажавме дека можеме да ги решаваме децениските отворени прашање, но и да ја поставиме државата цврсто на патот кон ЕУ и НАТО“, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„Членството во НАТО не носи само безбедност, стабилност и сигурност. Тоа носи и повеќе странски инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Доказ за тоа се и бројни позитивни економски податоци. Само со поканата за членство во НАТО и процесот на ратификации на Протоколот за пристапување економијата се придвижи, платите растат а невработеноста опаѓа.

Ова немаше да биде возможно ако не го постигневме Договорот со Грција, ако не ги решивме децениските отворени прашања со соседите, немаше да биде возможно ако не се посветевме на реформите.

Сепак во овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе останат запаметени како кочничари на процесот за пристапување кон НАТО и процесот за интеграција кон ЕУ.

Не успееја обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја закочат интеграцијата во НАТО, не успеаја обидите да ја блокираат иднината.

Тоа се потврди и вчера кога само Мицкоски и неколку негови послушници не аплаудираа на ратификацијата со која се заокружува членството во НАТО.

Република Северна Македонија со крупни чекори продолжува напред кон развој и напредок, кон интеграција во ЕУ. Вчерашниот историски ден е дополнителна мотивација да продолжиме уште попосветено да работиме за граѓаните и државата.

Остануваме силно посветени на реформите што обезбедуваат економски раст и развој, напредок и подобар живот за граѓаните“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?