ВИДЕО: Локализиран пожарот во фабриката во Камењане, нема повредени

Од:

Пожарот во млекарницата Хит 73 во Камењане, Општина Боговиње е локализиран по речиси два часа гаснење на огнот од страна на пожарникарите.

Според информациите од дежурните во Територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18 часот и 20 минути. На гаснење на пожарот заминале целата смена, како и сите пожарникари кои дошле во ноќната смена од 19 часот.

– Во моментов го локализиравме пожарот, отсековме еден дел од фабриката, сега гори долниот дел од фабриката, поголемиот дел е изгаснат. Спасувавме со багери и слична механизација. Дојдоа пожарникари од други градови, помагаа и локални фирми со цистерни и механизација. Мислам дека целосно ќе биде ликвидиран за неколку часа. Не можам да ви кажам од што избувнал. Штетата е голема, фабриката е со полн капацитет. Фала му на Бога што нема жртви или загрозени, изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на помош стигнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.

– БППЗ на Град Скопје со две возила е стигната на пожарот во Тетово, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Густиот чад од пожарот во млекарницата која се наоѓа на десетина километри од Тетово се забележуваше и во градот, а се чувствува и непријатната миризба.

Би можело да ве интересира

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

Повторно се активира пожарот над штипската населба Кадидаре

А1он

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски