(ВИДЕО) ЛИДЕМ: Субвенционирање студентски оброк и стручна литература

Од:

„Либерално – демократската младина активно се вклучува во проектот „Субвенционирање студентски оброк и други студентски потреби“, што Владата го усвои на крајот на месец јануари оваа година, а се очекува до крајот на месец мај целосно да го дефинира како концепт.

До Владата и до Министерството за образование ќе доставиме конкретно разработен предлог, кој очекуваме дека ќе биде земен во предвид, односно ќе биде основа за целосно дефинирање на проектот кој ќе значи конкретна помош и поддршка на студентите“, соопштуваат од ЛИДЕМ.

„Според нашиот предлог, во првата фаза проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“ ќе предвидува можност за субвенционирање на здрав оброк и стручна литература.

На овој начин, студентите за значително пониска цена ќе можат да се хранат во рестораните, кои што ќе потпишат договор со Министерството за образование за субвенционирање на студентскиот оброк. Субвенционирани ќе бидат само здравите оброци, а од пакетот ќе бидат исклучени газираните пијалаци и брзата храна. На ист принцип ќе се обезбеди субвенционирање и на стручната литература, којашто е значителен финансиски товар за секој студент.

Право на субвенциониран оброк и субвенционирана стручна литература ќе имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети, државјани на Република Македонија, кои се регистрирани во системот на Универзитетите.

Регистрирањето би се вршело по периодот на запишување на секоја студиска година, преку пријавување на телефонскиот број што студентот активно го користи и негово внесување во системот.

Согласно нашата идеја, плаќањето би се вршело на два начина и тоа преку мобилен телефон или преку дигитална картичка.

Субвенционираниот износ до одредена сума на денари, којашто ќе ја утврди Владата, по спроведена анализа, ќе биде на товар на државата и ќе се исплаќа на давателите на услуги кои што услужиле студент, на почеток на тековниот месец за претходниот месец, по изготвена фактура од нивна страна доставена до Министерството за образование и наука.

Оваа можност студентите ќе имаат право да ја користат од понеделник до петок, во одреден период од денот на пример од осум часот наутро до 20 часот навечер, и ваквата поволност нема да важи за време на зимскиот и летниот распуст,и во неработни денови.

Либерално-демократската младина активно ќе го следи процесот на реализирање на сите политики што значат унапредување на студентскиот стандард.

Истовремено ги повикуваме сите оние кои што имаат конкретни идеи и предлози за унапредување на статусот на студентите да ни се придружат и дадат придонес во подготвувањето на идните политики и иницијативи“, велат од ЛИДЕМ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

Ана Ололовска

Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Младите се ЗА просперитетна иднина овде во Република Македонија

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Повеќе Канцеларии за млади, повеќе проекти, повеќе млади во Македонија

Наум Локоски

Моника Зајкова: Тажно е што кадрите на Груевски, се обидуваат да го „вадат од кал” својот поранешен лидер

Ана Ололовска

ЛиДеМ со поддршка сите лице слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

Наум Локоски