ВИДЕО: Лицата што сквернавеа гробови се уапсени

Од:

Двете лица кои сквернавеа гробови и снимаа тик-ток видеа, доцна попладнево се приведени, дознава „А1он“. Според неофицијални информации, станува збор за малолетници чиј распит во полициска станица е завршен. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава за сквернавењето кое го правеа на христијански гробишта. Видеата од попладнево се избришани и од профилот на „Тик-ток“ каде беа објавени.

„А1он“ веќе објави дека во трка за лајкови, двајцата малолетници снимаа видеа како лежат врз гробните плочи. Тоа предизвика лавина од негативни реакции и коментари. Двете објавени видеа се со слична содржина.

Корисникот на „Тик-ток“ кој објавуваше видеа од сквернавење на гробови е потпишан како „Сергеј_Блоцкер_Муса“. На негативните коментари за видеото кое го снимил за да собира лајкови, тој не изразува каење туку пишува: „Е па затоа јас вака ви правам на вас каурите затоа што не знаете со луѓето како да се однесувате, да ви е**м крвта каурска што ми пишувате, свињи, свињари“.

Психологот Мирјана Јовановска-Стојановска вели дека вакви видеа се снимаат затоа што пред се постои можност, а со цел да се привлече внимание.

„Ова е еден од начините кој им одговара на некои луѓе. Не можам да зборам за дечкото, но нормално е кога знаеш дека илјадници луѓе кои ќе те видат во танга, во гробот, тоа е вид егзибиционизам, да покажеш јавно, да направиш. Колку е здраво и нормално, сето тоа е дискусија“, рече психологот Јовановска-Стојановска за „А1он“.

 

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он