(ВИДЕО) Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што се ќе го лажат народот?

Од:

Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари. Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела? Дали сопругата на Апасиев намерно пишала дека е лектор, за да земе повеќе средства или, пак, тоа го направила неосновано да ја збогати својата биографија? Зошто сопругата на Апасиев лаже во својата биографија? Димитар Апасиев кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама? Исто така, Димитар Апасиев како политичар, кој се бори за гласови треба да каже што се тој и неговата сопруга лажат, кога лажат за една биографија? Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Куртиши до Апасиев: Поштата три дена не работеше поради невремето, услугите се нормализирани

(ВИДЕО) Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин – Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Апасиев: Државата ги штити богатите, работниците го плаќаат товарот

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Апасиев: Договорено новиот Изборен законик да се донесе до крајот на јуни