(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

Од:

СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери. Фирми блиски до СДС свртеа милиони евра народни пари од ЕСМ преку РЕК до здравство каде жареше и палеше Венко Филипче, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дражавниот ревизор при ревизија на буџетот за 2021 година, која е направена во 2023 година кај дел од постапките за јавни набавки утврдил недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи. Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро и не гледа тоа што целата јавност го гледа. Треба да истражи и утврди како Венко Филипче има 5 стана во Скопје кои претходно не ги пријавувал во анкетен лист, луксузен џип, хациенда на семејството на Водно. Тоа е се имот кој треба да биде проверен како е стекнат. Стотици милиони се одлеани на сомнителни тендери, а сомнителност и недоследности утврдува и ДЗР. Институциите да не чекаат и да почнат да постапуваат – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ