(ВИДЕО) Лефков: СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници

Од:

СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници. Седум години СДС и ДУИ ја потонаа државата во криминал и корупција, судството има доверба од 2%, а устите им беа полни со ЕУ, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од ЕУ со СДС и ДУИ Македонија не виде ништо. Од насмеаниот Заев од владиниот авион со лажниот датум, до денес, Македонија само назадува и има нови кочници. Партијата која зборуваше дека ги затворила сите прашања со соседите, наеднаш го создаде најголемото. СДС свесно ја блокираше Македонија, иако беа предупредувани да не го прават тоа. СДС и ДУИ без консензус прифатија обврски кои сега се пречка и допрва треба да се надминуваат. СДС и ДУИ владееја себично, гледајќи ги само своите тесно партиски интереси, без да ги земат во предвид чувствата и потребите на граѓаните. СДС и ДУИ беа временска непогода за Македонија. Неспособноста заврши со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на придвижување на Македонија напред, на засилен раст и развој – Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он