Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев. Зоран Заев во изјава за еден пишан медиум кажа: „Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило”, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Лицето А.Н. кое било шофер кај Заев е потпалувач на пожар, кое е уапсено од полицијата. Кој може да верува дека шоферот на Заев потпалувал пожар на своја рака, без нечија насока? Дел од пожарите се потпалуваат од лица блиски до опозицијата, а затоа има и уапсени. И додека овие пиромани како шоферот на Заев ги палат пожарите, СДС и нивните апологети креваат паника и шират лаги во јавноста. СДС се притиснати до ѕид. Наместо да држат прес-конференции и сеат магла, да се извинат за шоферот на Заев и оградат од него, рече Лефков.