(ВИДЕО) Лефков: Премногу е, протест на 18 јуни пред Влада, за рушење на оваа власт, за промени и подобар живот

Од:

„Премногу е, молчењето не е опција, протест за рушење на владата на 18 јуни, протест за промени и подобар живот. ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на ИК на партијата заклучи дека власта имала доволно долг период да покаже резултати, но не само што не покажаа, туку и не внесе во голема сиромаштија, инфлацијата е двоцифрена, платите ниту еднаш не пораснаа, криминалот и корупцијата станаа начин на работа“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ катастрофално лошо се справија со здравствената криза, и во ек на пандемија додека народ умираше, договараа провизии на вакцини се нижеа набавки во 4 очи.

Владата не презема ништо да ја подготви државата во пресрет на енергетската криза. Плаќаме скапа струја не затоа што е висока цената на светските берзи, туку затоа што не произведуваме, па и до 50% од потрошувачката мора да ја увеземе. А производство нема затоа што се крадеше во РЕК и ЕЛЕМ.

Јавниот долг во сиот изминат период се зголемуваше од година во година, а капитални инвестиции нема. Долгот од 4.7 милијарди во 2017 година се искачи на 7.2 милијарди до сега, со најава за 900 милиони евра задолжување од ММФ и нова еврообврзница, а со тоа долгот ќе биде речеси дуплиран.

Оваа влада има дебакл и на меѓународно поле, 5 години само што не сме почнати со преговори за влез во ЕУ и 5 години само понижувања.

И сета оваа неработа власта ја круниса со криминал и корупција, со партизирано судство и администрација.

И по повеќе од година нема одговорност за несреќата кај Ласкарци, за изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.

Повеќе од јасно е зошто СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците, напатениот народ на Македонија. Молкот не е опција! Протест за промени и подобар живот!“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ