(ВИДЕО) Лефков: Пендаровски ветуваше дека нема да објаснува, туку ќе го слуша народот

Од:

Стево Пендаровски е манипулатор. Свесно во изборна кампања манипулираше со граѓаните и кажуваше работи, за кои откако дојде на функција се покажа дека не ги мислел. Стево Пендаровски велеше дека нема обичај да објаснува, туку да го слуша народот, од кој сака да слушне што треба да направи. Ова е Стево Пендаровски почитувани пред да стане Претседател, ако некој заборавил, а каков е Пендаровски сега сите знаат, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Пендаровски не го слушна народот и потпиша стотици штетни закони кои и овозможија на власта да прави криминал. Стево Пендаровски не го слушна народот и со ништо не се потруди да ја подобри состојбата во судството, иако според Устав има надлежност да именува двајца претставници на судскиот совет и двајца уставни судии. Неговите предлози се претопија со тие на СДС и ДУИ. И Стево Пендаровски е директно виновен за 2% доверба во судството.

Стево Пендаровски не излезе и не го слушна народот кога требаше да се расчисти секс скандалот во АРМ. Стево Пендаровски не го слушна народот кога власта крадеше милиони од РЕК и Онкологија, не излезе не ја осуди власта. Стево Пендаровски многу пати можеше да го слушне народот, но тој одлучи да ги слуша врхушките на СДС и ДУИ. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме. Да го испратиме Пендаровски во политичка пензија – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок