(ВИДЕО) Лефков: Народот се одлучи за промени, над 70.000 граѓани на улица ја делегитимираа власта

Од:

„Народот вчера се одлучи за промени. Над 70.000 граѓани од Скопје и сите делови од државата масовно кажаа Премногу е! Промени! И побараа предвремени парламентарни избори. Владата е делегитимирана од народот. СДСМ и ДУИ немаат легитимитет да продолжат да ја водат државата“, рече Миле Лефков, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Никогаш до сега не излегол толку народ на улиците, за во еден глас да побара промени и подобар живот. Владата паѓа, зошто народот е гневен и осиромашен, а СДСМ и ДУИ се причина за гневот и сиромаштијата.

Народот не може веќе да чека нешто да се подобри. 5 години државата стагнира, народот осиромашува, криминалот царува. Премногу е.

Активната блокада вроди со плод. Ја изнесовме целата корумпираност и лицемерие на власта на површина. Беше потребно Ковачевски и целото СДСМ да глумат дека не го слушнале Талат Џафери како ги пцуе вработените во Собранието и им врши мобинг за да не падне владата. Ниту еден штетен закон не успеаја да протуркаат.

Доколку нема договор за избори оваа лето, активната блокада ќе премине во целосна блокада. Тоа ќе биде целосна блокада на Собранието, на институциите, на патиштата, протести низ градовите. Нема време за чекање, зошто ако се чека кризата ќе биде уште поголема.

ВМРО-ДПМНЕ почнува со протестно лето. Тимови од партијата, членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат сите населени места, ќе извршиме општа мобилизација и изразување на незадоволството од политиките и лошата перспеткива и економска состојба.

Владата мора да падне. Оваа криминална и корумпирана власт мора да си замине. Народот бара нова енергија“, изјави Миле Лефков, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ