(ВИДЕО) Лефков: ЈО да испита како Груби купил дуќан неколкукратно поевтино од реалната цена, дури и банката го проценила двојно поскап

Од:

„Денес објавуваме нови детали од случајот со купувањето на дуќанот на улица „Македонија“ од страна на братот на Артан Груби, кои потврдуваат дека истиот е купен под реалната цена, а се доволна индиција за ЈО да не чека ниту ден и да отвори истрага“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според нашите информации банката која му дала кредит на Ветон Груби, го проценила истиот на 200.000 евра, односно два пати повеќе од тоа што Груби платил.

Проценката на банката е со најниската цена по метар квадратен, зошто така си ги штити своите пари, но дури и по таа проценка Груби го платил дуќанот два пати поевтино од најниската реална вредност.

Груби мора да одговори, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат купува дуќан во центарот на Скопје по неколкупати пониска цена од реалната? Како братот на Груби плаќа 650 евра за квадратен метар деловен простор на улица „Македонија“?

Цената за квадратен метар која Груби ја платил за дуќан во центарот на Скопје е помала не само од цените во Скопје, туку и од другите градови низ Македонија.

ЈО мора да реагира. Од авион се гледа дека братот на Груби платил цена многу пониска од реалната. Мора да се истражи зошто дуќанот е купен под цена и дали можеби разликата во цена е платена во готово или со други услуги кои не се пријавени, а со тоа е прекршен законот и е затаен данок?

ЈО да не чека, имаме еклатантен пример за политичка корупција која мора да има епилог“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела