(ВИДЕО) Лефков: Георгиев и Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ

Од:

Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев менторот на Венко Филипче. Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна за Боро Марлборо. Признание дека Наќе Георгиев ги земал парите како награда за поблагата казна изречена на Боро Марлборо, покрај самиот тој, дал и Иџет Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители. Тие заедно како што кажал Мемети помогнале Боро Марлборо да добие поблага казна, изјави Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ. Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто судството и обвинителството имаат 2% доверба кај народот. Наќе Георгиев е човек од најголема доверба на Заев и Филипче. Тој експресно напредува со власта на СДС, и од судија станува судија во Врховниот суд и член на Судскиот совет. Корумпираниот Георгиев со години одлучувал и делел правда, бирал судии, унапредувал или казнувал. Какви кадри извадил Наќе Георгиев, но и колку пресуди ублажил или спречил со земање мито? Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев?Последиците кои СДС ги остави се трајни, но одговорност за сите ќе има – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Катерина Ѓуровски

Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година