(ВИДЕО) Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот

Од:

Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот. „Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП.

– Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа? Особено треба да имаме во предвид дека Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски му пренесуваше поздрави на Борисов од Заев ословувајќи го Бојко љубави.

Дополнително истиот тој Зоран Заев велеше дека македонскиот народ и бугарскиот се исти, и дека зборуваат ист јазик. Кога ќе се земе сето ова во предвид, се поставува логичното прашање, дали СДС, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на ЕП? И истите овие структури, СДС и бугарските печурки во Македонија како Андреј Жерновски, ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски. Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија тие ги штитат бугарските интереси, вели Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

(ВИДЕО) Лефков: СДС брани корумпирано обвинителство и судство