(ВИДЕО) Лефков: Бисера купувала карти за Дубаи од 3.000 евра како за службено патување, а потоа не одела

Од:

Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не. Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала, изјави Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– На 5.2.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.

Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3.000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се пет денари. Утре продолжуваме со нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

(ВИДЕО) Лефков: СДС брани корумпирано обвинителство и судство

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он