(ВИДЕО) Леана Таќи: Сите да се обединиме и да излеземе од удобноста на домот

Од:

Некои ме знаат од музиката, некои од спортот, а некои како девојчето кое зборуваше за узурпацијата на Водно и на нејзиниот двор, оној нелегално изгласан ДУП со кој им ја дадоа земјата.

Имаме исти ставови и различни ставови, со генералот имавме различен став но приватно го решивме за 3 и пол минути и заврши. Имаше луѓе кои се ситат, и дека сум повредена од некој си став на генералот-нешто како “така ти е кога одиш кај него на протести, рече Таќи.

– Штом сите ние од различни страни сме собрани, можете да замислите колку е големо злото кое не спојува. Сега е времето кога сите сме незадоволни од некоја причина нашето незадоволство да го насочиме кон вистинскиот извор на незадоволството. Дали се бориме против диксриминацијата, законот за хонорарците, поради лошите образовни реформи, денеска сме сите заедно. Јавниот сервис и Владата е да ни служт нам на граѓаните, колку побргу се обединиме во еден лик и излеземе од удобноста на домот, толку побрзо се ќе заврши. Секој граѓанин треба да разбере дека силата е во граѓаните, кога тоа ќе се сфати, ќе станеме вистинска држава. На крајот на денот не е важно кое е името на партијата на власт – зашто сите ние ги сакаме иститите работи. Не е важно кој е на власт се додека граѓаните се силни и се заедно. Секој иден политичар на оваа земја треба да го запамети следното – Силата е во нас граѓаните, колку повеќе пати тоа го зборуваме толку пати повистинито ќе биде, рече Таќи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно