(ВИДЕО) ЛДП: Избор на претседател на државата со двотретинско мнозинство во Собранието на РМ

Од:

„ЛДП со голема загриженост го следи продлабочувањето на политичката криза во Македонија.

Иванов со недавањето на мандатот за формирање Влада на јасно изразено мнозинство во парламентот се наметна како фактор на нестабилност. Веќе втор мандат Иванов покажува дека не само што не е дораснат на фунцијата претседател, туку раководејќи од тоа место тој претставува безбедносен ризик, како за Македонија и нејзините граѓани, така и за регионот. Најновиот извештај на Фридом Хаус, каде Македонија е на чекор до авторитарен режим и е оквалификувана како “заробена држава, а институциите се означени како “заробени од политичките партии на власт”, само потврдуваат дека некогашниот професор по право денеска е најголем душман на правната држава.

Наместо да им служи на граѓаните, Иванов одбра да им служи на осомничените криминалци и активно да учествува во киднапирањето на државните институции од страна на претходната власт.
Ние од ЛДП цврсто веруваме дека Иванов е една од најголемите грешки на македонските гласачи во поновата македонска политичка историја.

Меѓутоа, случајот Иванов ни покажува дека Македонија ќе мора да го менува не само Иванов како актуелен претседател, туку воопшто и системот на избор за оваа државна функција.

ЛДП како дел од новата власт ќе се залага наредниот претседател на државата да се избира со двотретинско мнозинство во собранието. Бидејќи е речиси невозможно една партија да стигне сама до овој вид на мнозинство природно, партиите ќе треба да отворат дијалог и да постигнат консензус за изборот на нов претседател. Практиката покажува дека граѓаните не се заинтересирани за гласање на претседателските избори, кои истовремено се скапи и речиси секогаш оспорувани поради малото надминување на потребниот цензус. Најважното е тоа дека Македонија не може да си дозволи човек како Иванов уште еднаш да застане на тоа место. Од исклучителна важност е за иднината на Македонија да имаме институции кои ќе им слуат на граѓаните, а не на политичките елити. Од овие причини сметаме дека изборот на претседател со двотретинско мнозинство во собранието, ќе овозможи да имаме функционална институција-претседател, од која ќе се очекува да носи државнички одлуки во интерес на националните интереси, а не да биде предводник во кршењето на уставниот поредок“ изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски