(ВИДЕО) ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите

Од:

Не искосена трева, паднати гранки од дрвја, несредено зеленило е секојдневната слика на парковите и зелените површини во Скопје, реагираат од Либерално-демократската партија.

– Градот Скопје, како и претпријатието “Паркови и зеленило” не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани. Токму затоа очекуваме да преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата на парковите и зеленилото во нашиот главен град, велат од партијата.

Од ЛДП порачуваат дека се решени да се заложат за подобрување на состојбата на јавните зелени простори, вклучувајќи го чистењето и редовното одржување на зеленилото.

-Парковите треба да бидат пријатни места за одмор и рекреација за сите граѓани, и затоа сме подготвени и да соработуваме со одговорните институции за постигнување на ова цел, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он