(ВИДЕО) Лазов: Господа од СДСМ, Северна е вашата, нашата е Македонија!

Од:

„Вчеравечер бевте сведоци, дека овде токму на ова место, СДСМ на Северна и нивната коалиција одржаа митинг за да го претстават нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски пред Велешани.

Стево веќе еднаш поразениот!

А, велешани добро знаат што нудат господата северни елитисти! Знаат дека заеднички именител им е: „Политичари со свилен гајтан“. Забија нож во корените, историјата, идентитетот, јазикот!“, рече Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера вечер на новата претстава, со стари лаги ни го испоганија градот. Празно и провидно, салон „Хармони“. Сите среќно сме живееле, ама ете не сме знаеле. Во љубов и изобилие. И сосема очекувано од нив, оти нив ништо не им е свето. Ни изречен збор, ни пролеана крв, ни коски, ни химна, ни име.

Ајде, ние ќе ги потсетиме. Тие и онака, едно говорат, па порекнуваат и потоа забораваат. Ама Велешани паметат. Зошто Велес е град на мостови, на еснафот, на гемиите, на солунските трговци. А, нивниот, нивниот венецијански трговец Стево, бесрамно мантра за напред. Ниту знае каде, ниту знае кога, ниту знае како. Само пуста желба за претседател, кој притоа, мора да е сервилен, оти неговата земја била мала.

Не случајно, драги сограѓани, тој 102% е поистоветен со неговиот политички ментор Зоран Заев. Претендентот за нобеловец. Се колне во деца, се расфрла со нови празни ветувања за надеж, светла иднина, европска перспектива, инвестиции, 500 евра плата. На дело реформи 0, резултати 0. Тоа е „сидрото“ што влече напред. Аболицираниот капетан на брод во шише.

Ама велешани го имаат Вардар и Јаниташ. Не може Заев да ги превесла. Велешани се пливачи на сулинот! И уште нешто. Велес е град со џамија, манастир и цркви. Со верба во Бога, во право и правда. И храм во карпа ѕидан од најголемиот Дамјанов. Со камен на раце носен. Не е како онаа црквата на Заев, никната со евро за Вицето. Со лаги, изнуда и поткуп.

Северни уште еднаш да Ве потсетиме! Ова е градот и на Рацин. Велешани на свеќа пишувале и затоа прочитани сте! Вие народни пари арчите и можете уште 100 пати да дојдете, ама залудно Ви е!

Вашиот Стево Пендаровски најубедливиот пораз го има веќе доживеано во Велес. За Вашите предавнички политики народот на 21 април, истата сметка ќе Ви ја испорача!

Се фалите со едно општество за сите, а донесовте поделби! Господа од СДСМ, Северна е вашата, нашата е Македонија!“, изјави Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната