„СДСМ реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните и продолжува со вистинска грижа за сите. Пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за работни односи“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.
„Со ова се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст.
Продолжување на работниот однос до возраст од 67 години е можно, но само за дефицитарните кадри во здравството, високото образование и научно истражувачката дејност и тоа под строго дефинирани критериуми и постапки.
Со овој закон, кој ќе се применува од 30 јуни идната година се отвора можност за вработување на младите, но и се намалува бројноста во администрацијата.
СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи во интерес за сите граѓани, продолжуваме со создавање и реализација на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.