(ВИДЕО) Лазареска: Македонскиот јазик е обезбеден во ЕУ, СДСМ продолжува да го штити и унапредува

Од:

„Водејќи се од делата и вредностите на браќата Кирил и Методиј, но и на континуитетот на Свети Климент и Наум Охридски во последните години презедовме низа активности за заштита и унапредување на македонскиот јазик“, вели Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

„На предлог на Владата предводена од СДСМ денот 5 мај е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо

Потпишавме прв договор со ЕУ, Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата.

По цели децении, се отвораат нови лекторати по македонски јазик на универзитетските центри низ светот.

По 20 години на Институтот за македонски јазик, овозможивме вработување на 17 млади луѓе, со што ја докажуваме грижата за македонскиот јазик на дело.

И таа грижа не застанува тука. Подготвен е нов Закон за употреба на македонски јазик, а за поддршка на македонското творештво воведуваме и нова државна награда која ќе го носи името на великанот Блаже Конески.

Сето ова почитувани, е само дел од мерките и политиките што ги преземаме за заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата.

Остануваме посветени на заштита на државните и националните интереси“, изјави Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски