(ВИДЕО) Лавров се изнервира во Скопје: „Може ли да ме оставите на мира, ве молам“

Од:

Реченицата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров: „Може ли да ме оставите на мира, ве молам“ на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје е упатена до фотографот на таа организација. Ова го објасни портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, за време на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ на 30 ноември, го прекина својот говор со следниве зборови: „Може ли да ме оставите на мира, ве молам“.

За време на преносот на настанот не беше јасно кому министерот ја упати оваа забелешка.

-Тоа беше фотограф, кој, очигледно, мислам, едноставно не веруваше дека рускиот министер е на состанокот и реши да се приближи толку за да се увери – тврди Захарова.

Посетата на главниот град на Северна Македонија беше прво патување на Лавров во Европа од почетокот на војната во Украина, исклучувајќи ги неговите посети на Белорусија и Турција.

Учеството на рускиот министер за надворешни работи на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ предизвика бојкот на настанот од страна на министрите за надворешни работи на Украина, Полска, Естонија, Литванија и Латвија.

Би можело да ве интересира

Лавров: Сите молчат после тестовите на нашата најнова ракета

Лавров: Москва ги праша жителите на Запорожје и Херсон, како и на Донецк и Луганск, дали сакаат да станат дел од Руската Федерација

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Одложена средбата Лавров-Рубио, неизвесен самитот Путин-Трамп

Катерина Ѓуровски

Лавров: Русија е подготвена да помогне

Лавров: Сите се сеќаваме колку Хилари Клинтон беше воодушевена од смртта на Гадафи