(ВИДЕО) Лалчевска: Социјалната реформа има за цел трајно да излекува од сиромаштија и да ја унапреди грижата за децата

Од:

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат унапредување и развој на системот за детска и социјална заштита. Посветено се работи на јакнење на капацитетите на детските градинки. За таа цел буџетот за изградба, адаптација и опремување на градинки за 2019 година е зголемен за 300 отсто, рече Татијана Лалчевска, пратеничка на СДСМ, на денешната прес-конфернција.

„Покрај тоа, обезбедени се и 15 милиони долари од Светска банка кои ќе се инвестираат во изградба на нови објекти и воопшто во секторот за детска заштита.

Крајната цел, е на овој начин во следните 4 години да се постигне опфат на децата во предучилишно образование до 50 проценти и полека да се доближуваме до европскиот просек.

Истовремено, континуирано се вложува во условите за работа на кадарот во детските градинки. Зголемувањето на платите на воспитувачките, како и зголемувањето на вработувњата на неопределено време, обезбедуваат сигурност и подобри услови за работа во градинките.

Со социјалната реформа, пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца. Конкретно, детскиот додаток наместо досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, додека,  пристап до образовниот додаток ќе остваруваат 64.316 деца наместо 3.800 деца како досега. Аплицирањето за овие мерки започнува веќе во среда. Со тоа, директно влијаеме на намалување на детската сиромаштија.

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација мерките од на социјалната реформа која има за цел трајно да излекува од сиромаштија и да ја унапреди грижата за децата. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да ги следиме нивните потреби.“, заклучи Лалчевска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он