(ВИДЕО) Кузмановска: СДСМ преку Предлог измена на Закон за концесии нуди штетно решение за зголемување на контото на коруптивни скандали

Од:

„Очигледно СДСМ нема намера да престане со носењето на катастрофални закони кои што единствено за цел имаат да им послужат за време на предвремените парламентарни избори, а не да се во корист на граѓаните.

Овој пат СДСМ, преку Предлог измена на Закон за концесии и јавно приватно партнерство нуди едно класично штетно решение за зголемување на контото на коруптивни скандали и кеш афери на актуелната власт.

СДСМ повторно прави проширување или оставање на простор за историски невидена манипулација и замка која се интегрира во законска процедура односно потреба за извлекување на пари од веќе склучени договори.

Преку овој закон СДСМ го злоупотребува правото на граѓаните и прави измена на законот за неполни 5 месеци и истовремено најавува со измената дека парите ќе се пренаменат за инвестирање во објекти од јавен интерес“, рече Лилјана Кузмановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Тоа недвосмислено укажува дека им се потребни средства, да ги надополнат празнините онаму каде недомаќински ги истрошиле.

Денес, 4 месеци, после измената и донесувањето на Предлог Закон за изменување и дополнување на Закон за концесии и јавно приватно партнерство се предлагаат нови катастрофални измени на законот со што според претходно некаква направена анализа на проценка на економската оправданост за дел од предметот на концесијата, ќе се оцени дека нема повеќе економска оправданост, а по претходна обезбедена согласност од концесионерот, Влада на Република Македонија, може да донесе одлука за склучување на анекс, на договорот за концесија, за промена на намената на дел од средствата, но само за инвестирање во објекти од јавен интерес, во висина на износот кој бил потребен за спроведување на тој дел од предеметот на концесија.

Новата измена на Предлог законот уште повеќе ги поткопува сомнежите за коруптивни скандали на сметката на Владата која се јавува како концедент или оној кој ја одобрува работата на приватниот партнер.

Дополнително, најголемиот скандал со овој закон се одредбите кои се однесуваат на можноста за склучување на анекс на договор на концесија и неговата примена од една година од денот на влегувањето во сила на законот. Поголема заблуда и сомнеж за корупција не постои. Ваквата форма, повлекува многу учесници да прават криминал, кој не е забележан во ниту еден закон за концесии и јавно приватно партнерство од соседството.

Го повикуваме парламентарното мнозинство два пати да размисли пред да го гласа овој закон. Од сите страни слушаме дека како земја треба да се бориме против корупцијата и криминалот, но верувајте со вакви закони кои што ги предложува СДСМ, Македонија се повеќе и повеќе ќе тоне во криминал и корупција.

Гледаме дека власта не бира средства како да си обезбеди повеќе корист за предврамените парламентарни избори па секојдневно нуди законски решенија кои што ќе и штетат на европската интеграција на земјата и на интересите на македонските граѓани“, изјави Лилјана Кузмановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски