(ВИДЕО) Кузмановска: Попов требало да биде осуден на затворска казна, но тој поминал со 500 евра казна

Од:

Скандалот со пратеникот Сергеј Попов, добива нова димензија. Откако Попов, пратеник на ДПМНЕ и претседател на УМС, призна дека во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајка се поставува прашањето, како Попов добил толку блага казна? Имено според законот, за тоа дело Сергеј Попов требало да биде осуден на затворска казна, но тој поминал со 500 евра казна како да сторил обичен прекршок во сообраќајот. Дали Попов, кој тогаш со неговата партија ВМРО-ДПМНЕ влијаеле врз процесот, изјави Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.

– Почитувани, сите добро знаеме во 2014 година дека судството беше под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и тефтерчињата на Гордана Јанкуловска и одговорот на ова прашање го знаеме сите. Попов е дел од системот кој убива, дел од она против што тој повикуваше на протести. Неговиот случај не е различен од оној на Фросина, среќата е што тогаш никој не загинал. Прашуваме, дали инсталациите на ДПМНЕ односно „системот што убива“ го заштитил Попов во тоа време?

Бараме да се ревидира случајот на Попов во најкус рок. Бараме на увид на јавноста да се изнесе целиот процес и фактите за дивењето на Попов во пијана состојба.
Го повикуваме Сергеј Попов да излезе пред младите и пред јавноста и да си даде оставка од позицијата пратеник и претседател на вмровската младина како минимум морален чин. Не може младите да протестираат по улиците за правда и против нефункционалниот систем и безбедност на улиците а Попов да седи во удобната фотелја.
ДПМНЕ и Попов се дел од трулиот систем и неправдите против кои се борат младите. Затоа ниту ДПМНЕ ниту Сергеј Попов немаат никаков образ да зборуваат за правда, ниту пак да ги повикуваат младите. Доста беше лицемерие! Младите во Македонија заслужуваат одговорни, чесни претставници – а не луѓе со кривични досиеја кои ги спасувале врските – вели Кузмановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот