(ВИДЕО) Кузеска: За еден ден СДСМ собра над 22.000 потписи за Пендаровски, паднаа во вода лажните анкети на ДПМНЕ

Од:

Сите лажни анкети на ДПМНЕ паднаа во вода, заедно со цела нивна пропаганда. СДСМ вчера покажа дека сите напумпати анкети не се точни, дека ниту имаат некаков рејтинг, ниту дека разликата е 2:1. Напумпаните бројки на ДПМНЕ се покажа дека немаат никаква врска со реалноста. За еден ден СДСМ собра преку 22.000 потписи за кандидатурата на Стево Пендаровски а ДПМНЕ собра само 2-3 илјади потписи повеќе за Силјановска. СДСМ за еден ден ги собра потписите иако организираше и осмомартовски марш со над 6.000 луѓе и Конгрес каде што ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– СДСМ покажа организациска и теренска супериорност. Затоа на ДПМНЕ им беше потребен уште еден ден, со платени потписи на нотар. Значи ДПМНЕ два дена се мачи да собере потписи за Гордана Сиљановска Давкова и да излегува денеска со некакви бројки откако листите за Пендаровски се повлечени. Откако видоа дека ја немаат поддршката, односно дека граѓаните се потпишуваат за Пендаровски преминаа со потписи на нотар кои треба да се платат.

ДПМНЕ потписите ги собираше два дена, бидејќи нотарите не работат во недела. Сликата е јасна! Гордана Сиљановска и ДПМНЕ ја немаат поддршката од граѓаните како што лажно прикажуваат. И тоа не е изненадување. Сиљановска е личност која ги изгуби изборите пред пет години, наследник на политиките на Ѓорѓе Иванов и послушник на ДПМНЕ. Изборот на Стево Пендаровски за втор мандат за кого вчера за само неколку часа се потпишаа над 22 000 граѓани, значи стабилност, значи Претседател на држава кој ја носи државата кон членство во Европската Унија. Претседател без ниту една афера, кој нема да отстапи од правилните принципи и кој се грижи за сите граѓани еднакво – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Цела шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата

(ВИДЕО) Кузеска: 622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со СДСМ има повеќе за сите

(ВИДЕО) Кузеска: Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Вредностите на коалиција меѓу ДПМНЕ и Левица се против НАТО и против ЕУ