(ВИДЕО) Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта им вели „немаме магично стапче“

Од:

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година. Во исто време, минималната плата порасна за само 1.800 денари. Зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33% само за една година. Инфлацијата е 4,8% и ги јаде примањата на граѓаните. Реалната плата во јуни порасна за само 3,8%, додека со мерките на СДСМ растот беше над 11%. За прв пат по долго време имаше и пад на просечната плата споредено со претходниот месец. Со други зборови: цените растат, платите мируваат, а куповната моќ на граѓаните паѓа.

За само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е доведена во најголема економска несигурност досега. Министерката за финансии Кочовска вели дека владата „немала магично стапче“ за инфлацијата. Тоа е само изговор. Владата не е таму да се правда додека се луксузира на грбот на народот, туку да преземе мерки. Сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Хрватска, имаа навремени мерки и интервенции за цените и инфлацијата. Само во Македонија граѓаните се оставени сами на себе. „Немаме магично стапче“ е врв на неспособност и значи дека оваа власт нема ниту план, ни волја да им помогне на граѓаните.

Не треба „магично стапче“ треба владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат предлозите на СДСМ за покачување на минималната плата на 500 евра, на укинување на ДДВ за храна и покачување на платите во сите сектори. Платите во Македонија се само 35% од европските просеци а цените, пак, достигнуваат 60% од европскиот просек. Тоа значи дека граѓаните плаќаат речиси европски цени, а живеат со трипати пониски плати. Проблемот не е кај работниците ниту во магичните стапчиња, туку во оваа влада што свесно држи ниски плати за да им одговара на бизнис-елитите блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот на есента е еден од економски најтешките периоди за македонските семејства и СДСМ ќе ја продолжи борбата за повисоки плати. Законските решенија повторно ќе ги поднесеме. Тоа е борба за достоинствен живот, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите