(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Од:

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше за ПР сè уште не ја добиле ниту првата плата.
Изговорите дека допрва ќе се исплателе се празно оправдување и потценување на граѓаните. Млади луѓе, кои со месеци се ангажирани во општините, останаа без денар, а граѓаните без вистинска заштита во време на пожари и еколошки катастрофи, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Заедничко за ова е неспособноста на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека народот се гуши во канцерогени честички, додека депониите и понатаму горат, а 20% од територијата е изгорена, власта на Мицкоски се занимава со лаги, манипулации, со напад на опозицијата измислени приказни за хибридни напади. Бројни калкулации и лаги за спасување на рејтингот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, опасни по живот. Повеќе не станува збор само за неспособност, не станува збор само за лаги туку за свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето!

Граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум по пожарот во Трубарево а власта молчела. Наместо да алармира и да преземе итни мерки, наместо да даде соодветни препораки, наместо да организира евакуација и да го заштити населението, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема. Лично Христијан Мицкоски тврдеше дека загадувањето на воздухот не е големо. Оваа власт е неспособна, измамничка и без чувство за одговорност. Време е да одговараат и за пожарите, и за еколошката катастрофа, и за лагите со кои ги излажаа граѓаните и пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната