(ВИДЕО) Кузеска: Вредностите на коалиција меѓу ДПМНЕ и Левица се против НАТО и против ЕУ

Од:

На повидок е антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица. Во едно интервју Мицкоски јавно кажа дека е за коалиција со Левица додека за вредностите би седнал на маса да преговара. Во друго интервју пак неговиот партнер Апасиев вели дека се подготвени за преговори со ДПМНЕ и дека сите опции им се отворени. Левица е проруска, анти-НАТО и анти ЕУ партија која се поклонува на диктатори како Енвер Хоџа. Радикална десница, вљубена во режим исто како и ДПМНЕ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Тоа се антиевропските вредности на коалицијата ДПМНЕ и Левица, на Мицкоски и Апасиев. Одамна е се јасно, сега само се потврдува. На претстојните парламентарни избори ќе имаме два политичка блока. Првиот проевропски блок, предводен од СДСМ кој се бори за европска иднина, поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и европски вредности. И еден антиевропски блок од ДПМНЕ и Левица кој е за изолација и кој значи економско уназадување, стагнација и оддалечување од европската унија и демократскиот свет. Граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите и неизвесност. Граѓаните сакаат членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина. Затоа антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ги чека пораз од граѓаните на изборите наредната 2024 година – истакна Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

(ВИДЕО) Кузеска: Цела шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: За еден ден СДСМ собра над 22.000 потписи за Пендаровски, паднаа во вода лажните анкети на ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата

(ВИДЕО) Кузеска: 622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со СДСМ има повеќе за сите

(ВИДЕО) Кузеска: Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски