(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, тоа е партија заглавена во режимската и насилничка матрица

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Останува иста, заробена во режимска и насилничка матрица и тоа го покажува на дело.

Со навреди и обиди за физички напади, вчера претниците на ВМРО ДПМНЕ се обидоа да ја блокираат Комисијата за образование наука и спорт.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со закани пробаа да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставници и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието“, рече Боганка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ се против над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Тие се толку силно против ова трајно решение за наставниците и стручните соработници, што се спремни и со насилство да ги блокираат измените во Законот.

Ниту една боја не може да ги сокрие, ниту да го промени деструктивниот карактер на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. Со какви нови бои и да се премачкаат, тие остануваат исти – партија која блокира, кочи, брани криминал – партија која работи против интересите на граѓаните и на државата.

Во недостаток на идеи и конструктивност , крадат концепти и слогани од СДСМ, лицемерно претставувајќи се како нови со нови политики пред граѓаните.

Нема ниту Н од нови политики во ВМРО-ДПМНЕ.

И Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се лажат дека со навреди, закани и насилство ќе успеат да ги спречат реформите кои се во интерес на граѓаните.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на нереформираното и дестуктивно ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Боганка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ