(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше новинарските слободи, СДСМ ја врати слободата и демократијата

Од:

„СДСМ ги почитува европските принципи за слобода и демократија и затоа го поддржува развојот на медиумите и слободата на говорот и аргументираната критика.

Ја вративме слободата, демократијата и критичкото размислување

За само две и пол години заедно со граѓаните и новинарите успеавме да ги ослободиме медиумите од партиските влијанија и од 11 годишната узурпација од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе нема јавувања од политички функционери по уредници и нема нарачка на прилози и вести“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Партијата на Никола Груевски цела деценија корумпираше одредени медиуми со црни пари и со народни пари со кои купуваше рекламен простор во милионски износи. Со поткупот на медиумите ВМРО-ДПМНЕ стана и сопственик, и уредник и пропагандист во медиумите под нивна контрола.

ВМРО ДПМНЕ го зави во црно македонското новинарство за да му служи на режимот. Да се потсетиме дека новинари завршуваа во затвор за објавени информации, на големи медиуми ставија клуч затоа што ја критикуваа нивната ненародна и криминална политика, стотици новинари ги оставија на улица затоа што не му се приклонија на Груевски во узурпацијата на медиумите

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ од медиумите направи партиски мегафони за да ги величаат неговите злодела и да го штитат при секоја криминална постапка или лошо спроведена политика.

Денес, се е исто во белиот дворец.

И тогаш и сега ВМРО-ДПМНЕ поткупува медиуми за да пласираат лажни вести. Тогаш за да го одржат режимот, а денес за да пишуваат против европските успеси на државата.

СДСМ ја актуелизира оваа тема затоа што неодамна се појави новинарско истражување во Словенија кое директно посочува четири медиуми во Скопје во кои се слеале 2,5 милиони евра со цел да се поткопува Преспанскиот договор и членството на Северна Македонија во НАТО.

СДСМ нема да престане со борбата за создавање професионална и независна медиумска сфера. За нас се приоритет демократските и европските вредности за јавна критика, дебата и слобода на изразување. Сето она што беше забрането во режимот“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски